Во ЗОО Битола се промовира книгата “Мисловни патеки“ од авторот Нешат Аземовски, а како издавач е Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола. Промотори на книгата беа сопругата Фатма Бајрам Аземовска и децата Леона и Даријан Аземовски.Благодарение на семејството на Нешат Аземовски оваа книга ќе има можност да стигне до читателите. Книгата е започната да се пишува пред 15 години, но никогаш не стигнала да биде објавена. Несомнено, како што би рекол и самиот Нешат, со силата небесна овие страници конечно ќе ја видат светлината на денот. Книгата содржи голем број на кратки раскази и поетски творби кои се испреплетени со доза на филозофско размислување за секоја скриена мисла и замисла што му се преплетувале низ мислите сите тие години додека ја пишувал оваа книга, впрочем како и самиот живот.Нешат Аземвски е човек кој ќе биде запаметен по многу нешта, а оваа книга е само уште еден дел, камче од тој мозаик кој ќе остави траен белег за едно телесно постоење и битисување на една посебна и талентирана личност, тука на оваа планета Земја за која тој толку многу се грижеше и се посветуваше, во овој град Битола, кој тој сакаше да го направи поубаво место за живеење, не само за своето семејство, туку и за своите битолчани и сите луѓе на светот. „Мисловни патеки“ не е само книга, туку таа претставува една вистина за човек кој си ја претчувствува својата судбина и низ овие зборови искажува многу повеќе од она што е напишано. Чудни се патиштата кои ги водиме, за жал за некои прекинуваат тогаш кога треба да се направат крстосница и да не водат до вечноста.Нешат Аземовски е роден 1973 година во Битола, син на Кадрија и Сами Аземовски, брат на Севдије. Битолчанец кој никогаш не сакаше да живее и работи на друго место, иако ги добиваше најдобрите работни места за да работи надвор од Битола. Нешат беше човек со визија, ги знаеше работите што треба да се случат и после 10 години. Велеше дека “промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“. Основно училиште заврши во „Елпида Караманди“, истакнувајќи се со својот став, одлични оценки и беше активно вклучен во многу секции. Средно училиште заврши во општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, исто така со просек 5. Се разбира и тука покажувал одличен успех и активно учествувал во сите училишни активности. Потоа се запишал на Природно-математичкиот факултет на Институтот за биологија и беше сместен во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Велеше дека тоа му бил најубавиот од студентскиот живот. Период кога сам се снаоѓа во животот, го купува првиот компјутер и принтер и почнува сам да заработува за живот, помагајќи им на студентите да направат есеи, семинарски и дипломски работи.Подоцна ја основа невладината организација „Биосфера“ како борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултурализмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата. Вклучен беше во многу проекти за зачувување на планетата Земја, во кои беа вклучени многу градинки, училишта, претпријатија, невладини организации.Посебен интерес покажуваше за заживување на Зоолошката градина во Битола. Така, започна со реализирање на многу проекти и активности. Зоолошката градина добива нов и модерен лик со кој привлекува многу посетители. Нешат останува да биде запаметен со неговите активности со Дедо Мраз во Зоолошката градина и новогодишни пакетчиња на втор факултет одбирајќи го ФАМИС Битола, на отсекот Европски интеграции и менаџирање со европски проекти.Во тој период станува неформален ментор на многу студенти со неговиот ведар дух, знаења и вештини. што ги запознава во тој период, учат од него за многу животни лекции и тој ги охрабрува сами да чекорат по патеката на животот, па така Нешат беше иницијатор за основање и други н евладини организации кои денес успешно работат остварувајќи ги своите цели, благодарение на менторството и помошта која Нешат несебично ја даваше на младите.Нешат беше еден од основачите на Ротари клубот „Битола-Широк Сокак“, а потоа и за време на мандатот кога беше претседател се започна постапка за основање на Ротаракт клуб Битола Широк Сокак, цврсто верувајќи во промените што ги прават за заедницата на луѓето на кои им треба помош. Нешат веруваше во Универзумот и често знаеше да дава мудри совети кои беа познати како нешадизми.Секојдневно се среќаваме со нови луѓе на кои Нешат им има помогнато. Тој исто така помагаше и во ромската заедница. Иако Нешат веќе не е тука на Планетата, овие млади луѓе се секогаш тука за поддршка на неговата сопруга Фатма и нивните деца Леона и Даријан. Беше прекрасен сопруг и татко, човек посветен 24 часа на семејството, тие му беа најважни. За да може подобро да одговара на родителството посетуваше обуки, читаше книги и имаше секогаш време за семејството. Беше сопруг кој правеше најубави салати зачинети со многу љубов и трпение. Нешат е тука со неговите мисли, со совети, со Нешадизмите. Неговите дела уште зборуваат за него. Како што велеше тој – сега е во друга димензија. Леона и Даријан се неговата копија. И нема да кажеме дека е крај.Уредници се м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, м -р Зоран Јанакиевски и Илче Стојановски и Милка Котевска. Графопром и Ротари клубот Битола Широк Сокак се одговорни за печатење.Од неговата сопруга Фатма
Промовирана книгата “Мисловни патеки“ од авторот Нешат Аземовски, промотори семејството (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Сашко Коцев ги пресмеа битолчани со стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“, настапи во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: Приведено лице од Битола барано со потерница
- Реконструкцијата првиот дел на улицата “Бурса“ или позната и како “Индустриска“ во Битола
- Д-р Сашо Глигоровски, редовен професор на Кинеската академија на науките нов член на УКЛО Битола мрежата
- Стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“ на актерот Сашко Коцев за рекордно време распродаден, ќе има нов настап
More from КултураMore posts in Култура »
- Сашко Коцев ги пресмеа битолчани со стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“, настапи во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- Стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“ на актерот Сашко Коцев за рекордно време распродаден, ќе има нов настап
- Започна 33. издание на “Интерфест“ во Битола со концерт на Камерниот оркестар и солистите Линда Хедлунд и Антонио Ди Кристофано (фотогалерија)
- Со куп уметност во меморијата заврши програмата „На кино па Олабај“ на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки во Битола (фотогалерија)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ (фотогалерија)