Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло температурата до 30 степени

Денес, петок, 7 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне можност за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 30 степени. UV=8.

Утре, сабота, 8 јули, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен  ветер од северен правец. Температурата во Битола до 29 степени.  UV=8.