Деновиве прекрасните звуци од мандолините на младите музичари од Битола, членови на младинскиот мандолински оркестар одекнаа во Офицерскиот дом во Битола.Младинскиот мандолински оркестар својата активност ја продолжува во рамките на Бит Фест 2023, во организација на општина Битола.
Во последниот период, мандолинскиот оркестар, под диригентската палка на Мирко Митревски, ја зголемува активноста на различни настани.
Атмосферата во Офицерскиот дом ја разубавија со изведба на песните: „Битола Бабам Битола“, „Билјана платно белеше“, „Налеј, налеј“, „Ода на радоста“, „Заради тебе Зоране“ и други.
Изведбата на песните од мандолинскиот оркестар предизвика восхит кај присутните, наградувајќи ги со огромен аплауз.
Фото: Дамијана Ристевска