Press "Enter" to skip to content

Денес 29. седница на Советот на Општина Битола, ќе се гласа за ребаланс на Буџетот и по други точки

Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес, вторник, 11 јуни 2023 година, со почеток во 10 часот ја закажа 29. по ред седница на Советот на Општина Битола.

На оваа седница ќе се расправа за ребаланс за Буџетот на Општина Битола, за колектор за фекални води на Пелистер, програми за уредување на градежното земјиште, за уличното осветлување, за програмите за образование, социјална заштита, култура, завршните сметки на спортските клубови во кои акции Општина Битола, за вовчето “Мечо“…

На предлогот на Дневен ред има 23 точки:

1.Измени и дополнување на Буџетот на општина Битола за 2023 година.

2. Одлука за давање согласност и овластување на Градоначалникот на општина Битола за измирување односно пренасочување на средства од буџетска сметка на Општина Битола.

3. Одлука за давање согласност и овластување на градоначалникот на општина Битола за потпишување на Договор за грант “Изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет Бегова чешма – Национален парк Пелистер, делница РШ 106 – Пречистителна станица – реципиент (дел од траса од км 3+596,50 до км 4+119,00), Општина Битола“, помеѓу Министерство за транспорт и врски и општина Битола.

4. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Битола за 2023 година.

5. Програма за измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Битола за 2023 година.

6. Програма за измени на Програмата за развојни планови на општина Битола за периодот 2023-2025 година.

7. Програма за измени и дополнување на Програмата за образование за 2023 година.

8. Програма за измени и дополнувања на Програмата за култура за 2023 година.

9. Програма за измени и дополнувања на Програмата за социјална заштита за 2023 година.

10. Програма за измени и дополнувања на Програмата за еднакви можности за 2023 година.

11. Програма за измени на Програмата за туризам за 2023 година.

12. Програма за измена и дополнување на Програмата за животна средина за 2023 година.

13. Програма за наменско трошење на определени средства во областа на управување со животната средина, по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски додатоци на општините за 2023 година.

14. Програма за измена на Програмата за економски развој на општина Битола за 2023 година.

15. Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во општина Битола за 2023 година.

16. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2023 година.

17. Одлука за донесување на Техничка исправка на градежна парцела 12.1 во АРМ четврт 2 од ДУП за АРМ четврт 1, АРМ четврт 2 и АРМ четврт 3 во општина Битола.

18. Измена и дополнување на Финансова програма за одржување на јавните зелени површини на територијата на општина Битола за 2023 година.

19. Завршна сметка за РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 за 2022 година.

20. Завршна сметка за ФК Пелистер АД Битола за 2022 година.

21. Завршна сметка за КК Пелистер АД Битола за 2022 година.

22. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на услугата возење со Елекетричното Вовче Мечо во Градскиот парк во општина Битола на ЈППЈЛП Битола.

23. Решение за давање согласност на Правилникот за работа со електричното вовче „Мечо“ наменето за туристички разглед на деца на ЈППЈЛП Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »