Кај пациентка со зачепени јајоводи со оглед на порастот на успешноста на “Ин витро“ постапките во последно време, тренд е отстранување на јајоводите или нивно прекинување.
Тогаш пациентката има дефинитивна неплодност и мора да направи ИВФ.
Дали е тоа грешка?
Одговорот е ДА (во одредени случаи). Оние кои не ја разбираат репродуктивната хирургија, јајцеводите ги оклудираат или ги вадат без да им се даде шанса да се отворат. Доколку се отворат шансите, можноста да забремени пациентката спонтано во наредната една година се до 30%.
Лапароскопскиот репродуктивен хирург во согласност со интраоперативниот наод ги проценува јајоводите на 4 нивоа – дебелина на ѕидот, дијаметарот на хидросалпинксот, сраслините и проодноста. Доколку ги задоволуваат критериумите на сите овие нивоа, се врши т.н. salpingoneostoma – или отварање на јајоводите, или нивно вадење, или оклузија.
Денес кај 24 годишна пациентка на левиот јајовод со ниво 1 направивме негово отстранување, а на десниот со ниво 4 негова реконструкција и отворање. Постоперативно, јајоводот стана прооден и е со одлична прогноза пациентката да забремени.
Болница Плодност – Hospital Plodnost покрај искуство со ADVANCED LAPAROSCOPIC SURGERY има 30 годишно искуство со LAPAROSCOPIC REPRODUCTIVE SURGERY.
Првата ваква операција за прв пат е направена пред 30 години од прим. д-р Таше Трпчевски во тогашниот Медицински центар. Младите лапароскописти во болница “Плодност“ ја продолжија оваа традиција.