Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со апел до граѓаните за превенција при споделување на лични податоци

Поради зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци пристигнати во СВР Битола, во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени, апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

Исто така, СВР Битола предупредува, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата.

Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата/компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават.

More from ВестиMore posts in Вести »