Press "Enter" to skip to content

Св. Кузман и Дамјан се слават во “малото црквиче“ на “Солунска“ 114 во Битола (фото)

Нема битолчанец кој не го посетил и не знае за малито црквиче во Битола, кој е посветено на светите чудотворци, безсребреници, Кузман и Дамјан, а вечерва кога ние го посетивме “малото црквиче“, битолчани и нашите сограѓани од странство го мали и поголеми групи беа тука, да запалат свеќа и да се помолат за здравје на светите врачи Кузман и Дамјан.Параклисот се наоѓа во мал двор на улицата “Солинска“ број  114-а, во Битола, кој вечерва беше преполн со верници, кај основното училиште “Стив Наумов“ и него битолчани го посетуваат два пати годишно, во лето и доцна есен, кога се слават Светите Кузман и Дамјан.

Битолчани вечерва, а и утре, ќе го посетат ова свето место и се помолија за здравје, свое, на семејството како и на сите болни, како и прилега на денешниот ден, денот посветен на двајцата чудотворци , а посебно во услови на пандемија, кога сите размислувања се свртени како да се победи оваа денешна болест, корона вурус.

Карактеристично за ова црвиче е тоа што се наоѓа во двор на битолчанец, кој не е православен верник, но тој два пати годишно ги отвара вратите на својот двор за сите битолчани, кои сакаат да се помолат на светите, безсребреници, Кузман и Дамјан и да наполнат вода од изворот кој е тука и по рушењето на црквата која се наоѓала на ова место.Се прикажува дека црквата била голема и имала голем двор, но откако таму некој Турчин направил куќа таа е срушена.-Не знам зошто не се најде начин тука да се изгради црквиче кое ќе биде посветено на Кузман и Дамјан. Низ годините се сеќавам, дека Митрополијата преговара за откуп на куќата каде во дворот се наоѓаат иконите и малиот параклис, но како завршија преговорите не знам. Гледате колку народ има вечерва, ќе има и утре, а има и на есен кога се празнува овој празник, треба да се игради мал храм, па да има и служба, да се одбележи местото за Светците, ни рече тетка Иванка.Инаку, денот посветен на Светите Козма или Кузман и Дамјан, спаѓа меѓу поголемите празници кои се празнуваат имендени. Меѓу нашиот народ, денов  е познат и како Свети Врачи или едноставно  Световрача. Зборот врач и денес во некои словенски јазици (во рускиот јазик) значи лекар. Наречени се бесребреници или безмитни, затоа што според житието, бесплатно лекувале  и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“Во народниот живот овој празник  го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина како лекување со билки на пример. Тие на овој празник не работат, зашто во спротивно нема да им “фати“ лекот.Градот Сандански во пиринскиот дел на Македонија порано го носел името Свети Врачи.