Попладнево во дворот на основното училиште “Тодор Ангелевски“ во Битола се одржа првиот “Летен Чкембарски турнир“ кој го организираше навивачката група “Чкембари“ од Битола.На отворањето на манифастацијата, еден од организаторите на турнирот, Горан Калешковски – Љутио, откако ги поздрави сите присутни кои се натпреваруваа, сите кои помогнаа во организацијата на “Летен Чкембарски турнир“, и им оддадоа почит на сите членови на навивачката група “Чкембари“ кои повеќе не се со нас, им посака успешни натпревари на учесниците, кои оваа година немаа натпреварувачки мотив, туку беа ревијални, како повод за дружење. Организаторите и претходно најавија дека првиот “Летен Чкембарски турнир“ по пријавените екипи и поединци ги надмина очекувањата во сите спортови и категории, а денес тоа само беше потврдено со масовното учество.На првиот “Летен Чкембарски турнир“ се појавија покрај членовите на навивачката група “Чкембари“ и сите нивни подгрупи кои се во Битола, а поддршка добија и од членови на братските навивачки групи “Лозари“ и “Белчатов“ од Полска.На натпреварите во мал фудбал, баскет “3х3“ и влечења јаже, кои беа во две категории до 15 години и сениори, се појавија стотина битолчани, навивачи, поранешни и активни фудбалери и ракометари, бизнисмени, екипи за мал фудбал, екипи за баскет, основачите на навивачката група “Чкембари“…, а како нагласија организаторите “сите попладнево се победници“.Поканата на “Чкембарите“ за овој несекојдневен спортски забавен карактер ја прифатија битолчани, а организаторите за сите обезбедија многу пиво и храна, а присутните беа облечени во разни едиции на чкембарски маици и дресови од спортските клубови кои го имаат името Пелистер.Низ мега фотогалерија ќе ви доловиме само дел од атмосферата во дворот на “Баирското училиште“.
Текст и фото: Сашо Ристевски