Press "Enter" to skip to content

На Годишната изложба на ДЛУБ доделена наградата “Борислав Траиковски“ на Љубица Мешкова Солак

Синоќа во Битола, во Офицерски дом свечено беше отворена Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола за 2023 година, на која беше доделена и традиционалната награда “Борислав Траиковски“. 

-Изложбата на Друштвото на ликовни уметници од Битола (ДЛУБ) претставува духовна материјализација, белег на одредено културно егзистирање, пресек на разновидни креативни остварувања во современи ликовно-естетски рамки и со одреден предзнак (принцип): хетерогеност во зачувување на класичниот ликовен концепт на комуникација, рече на отворањето Лиљана Христова.На прославата од 49 годишното постоење на ДЛУБ беше доделена наградата “Борислав Траиковски“ за зајдобро ликовно остварување на Љубица Мешкова Солак.

Пофалници добија уметниците Тони Попов и Мартин Јакимовски за особено ликовно остварување на Годишната изложба на ДЛУБ 2023.

Инаку, дДуштвото на ликовните уметници од Битола е создадено пред повеќе децении со одредена цел, причина и општествена улога кои во различни насоки и мотивации, доживувајќи ја оправданоста и неопходноста од ваква формација, која секогаш била во насока на спасување, поттикнување и афирмација на креативноста и визуелниот израз.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »