Press "Enter" to skip to content

Свечено отворена ветеринарната клиника “Буневски“ (фотогалерија)

Во комплекс “Касарна“, зграда “Јури“, во Битола се отвори ветеринарната клиника “Буневски“, интернационална клиника по меѓународни стандарди, со современа апаратура и инструменти за помагање и лекување на животните.Клиниката ќе нуди ортопедски услуги, неурологија, ендоскопија и  мини инвазивна хирургија (лапароскопија). Во клиниката ќе се врши процена за дисплазија на колкови и лакти, услуга за која клиниката “Буневски“ е сертифицирана од германското здружение на рендгенолози, а за првпат се воведува во нашата земја.“Буневски“ е мост на стручна соработка помеѓу Загреб и Битола, институција која ќе соработува и разменува искуство, кадар и знаење со врвните хрватски клиники.-По неколкугодишни активности, со денешното отворање заокруживме една функционална целина, проект кој означува ново поглавје и внесува нов квалитет во македонската ветеринарна медицина. Убеден сум дека ќе го пренесеме нашето тринаесетгодишно искуство од Хрватска, од ветеринарните клиники “Кресингер“ и “Марковиќ“ од Загреб, реномирани институции каде што се уште работиме. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на колегите од Загреб за нивниот голем придонес околу логистиката, проектирањето и реализацијата на клиниката, изјави доктор Никола Буневски.

На отворањето присуствуваа гости и соработници од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.

-Голема чест и задоволство ми е да присуствувам на отворањето на клиниката Буневски. Никола беше мој студент, и повеќе од десет години работи во Загреб и важи за извонреден стручњак во лекување на домашните миленици бидејќи станува збор за голем стручњак за подрачјето на меката хирургија и ендоскопија. Ќе ми биде мило и со задоволство стоиме на располагање во стручна помош на оваа клиника, рече доктор Марио Кресингер ид Ветеринарниот факултет од Загреб.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »