Нов ракометар во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 е десниот бек Стефан Трпчевски, 26-годишниот ракометар кој потекнува од школата на клубот и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства.
Трпшевски во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.
Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.