Press "Enter" to skip to content

Успешен настап на пливачите на Југ на маратонот во Сливница

Викендов во водите на Преспанско Езето, на плажата “Сливница“ пливачкиот клуб Југ од Битола учествуваше со четири пливачи.Битолскиот клуб го претставуваа младите пливачи Максимилијан Лазевски и Јован Талевски во ревијалната трка на 600 метри и Ана Котевска и Андреј Лозановски на 2.500 метри. Тие настапија во кункуренција на 67 пливали од сите клубови од Македонија, кои се натпреваруваа во четири категории.Тренерот на пливачите на Југ, Михајло Трампевски, вели дека е задоволен од настапот на неговите пливачи кои иако не тренираат на езерски води, туку во базен, прикажале добра форма.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »