Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Драган Маринковиќ на стартот на подготовките на Еурофарм Пелистер

Поранешниот ракометар на Пелистер, Драган Маринковиќ подолго време живее и работи во Австралија, а дел од одморот го поминува во Битола.

Маринковиќ и по пеколно жешко време дојде во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, заедно со неговиот поранешен клубски другар Александар Зарков, каде сигурно му се “вратија“ голем број убави спомени од натпреварите на паркетот пред преполна сала, да му посака на Еурофарм Пелистер успешна нова сезона.

-Ме радува што сум во Битола, но и тоа што клубот по многу турбуленции е на врвот, каде посакувам што подолго да остане. Посакувам покрај успесите ракометарите да “живеат како еден“, како што беше во наше време и тренерите да имаат помалку работа, играчите да се разбираат со поглед, ни рече Маринковиќ, во кафулето “Тач“ кое беше ракометна база во времето кога тој настапуваше.

More from СпортMore posts in Спорт »