Д-р Џулиана Михајловска – специјалист ендокринолог истакнува дека навременото откривање на нарушувањата на тироидната жлезда и нивната превенција се од особено значење.
За нивната природа, прогноза и лекување споделуваме дел од нејзиниот краток осврт на оваа тема.
Нарушувањата на тироидната жлезда може да бидат:
-Морфолошки (нарушувања во структурата на жлездата). Истите се манифестираат како нодуларни или цистични формации.
-Функционални, може да стимулираат прекумерно создавање на тироидни хормони (хипертироидизам) или да предизвикаат уништување на жлездата и недостиг на хормони (хипотироидизам).
-Во нарушувања на тиродната жлезда спаѓаат и акутното (субакутен тироидитис) и хроничното воспаление (Хашимото тироидитис).
Карциномот на тироидната жлезда е најчесто малигно заболување на ендокриниот систем. Најчестите типови на карциноми кои можат да се јават се:
-Диференцираните тумори како папиларниот карцином или фоликуларниот карцином на тироидната жлезда. Истите често може да се излекуваат, а прогнозата е добра за пациентите кај кои заболувањето е откриено во рана фаза.
-Медуларниот карцином, кој опфаќа 5-10% од сите типови карциноми на тироидната жлезда.
-Анапластичниот – недиференциран карцином е редок но и доста агресивен. Овој тип на карцином слабо реагира на третман и е со полоша прогноза.
На оваа тема и повеќе дознајте од нашиот тим во “Жан Митрев Дијагностик“ Битола или на тлефоните: +389 70 408 075, +389 47 266 633 и +389 47 266 631.