Press "Enter" to skip to content

“Кромберг и Шуберт Македонија“ ДООЕЛ Битола додели уште две нови стипендии на студенти на УКЛО 

Студентките Марија Михајловска од ФИКТ Битола и Теодора Јанкулоска од Техничкиот факултет Битола се најновите стипендисти на оваа реномирана Компанија  коja има долга традиција да  инвестира во студентите од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола.

Доделувањето на новите стипендии беше прилика да се нагласи беспрекорната соработка којашто Универзитетот ја остварува со Компанијата. Истакнато е исто така дека градењето реални мостови со бизнисот и опкружувањето претставува вистинска и квалитетна инвестиција во младите луѓе и градење успешни приказни што се остварливи и дома.Инаку, меѓусебната соработка помеѓу УКЛО и Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола започна во 2014 година и освен во делот на стипендирањето се остварува и во практичната и во клиничката настава на УКЛО.

Активностите се реализираат преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење од УКЛО, што претставува важна врска за взаемно препознавање и за успешен професионален развој на студентите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола.

https://uklo.edu.mk/

More from ВестиMore posts in Вести »