“Претприемништвото како предизвик“ е програма наменета за македонските и албанските туристички чинители и потенцијални туристички чинители имплементирана од Младински кулурен центар – Битола во рамките на проектот SMART4YOU2. Програмата опфаќа активности за јакнење на капацитетите на локалните даватели на услуги и уметници од прекуграничен регион на Пелагонија и Корча со цел да обезбедат висококвалитетни туристички услуги и производи.Вчера заврши пакетот кој опфаќа активности за јакнење на капацитетите на 25 туристички оператори и потенцијални туристички оператори од регионот на Пелагонија и Корча преку три циклуси на обуки. Во наредниот период продолжуваме со активности за менторство и вмрежување.Овој пакет на активности ги истражува можностите во туристичкиот сектор, ги наведеува учесниците да разберат што е потребно за да се биде туристички претприемач, да знаат што треба да имаат подготвено пред да го идентификуваат својот бизнис како туристички бизнис, што подразбира туристички пакет и туристичка понуда во локалната заедница.Наши учесници се лица кои веќе имаат туристички бизнис и истите се поставени пред предизвикот за да ја подобрат својата работа и да станат конкурентни на пазарот, лица кои сакаат да истражуваат нови идеи и лица кои имаат клучна улога за развојот на туризмот во локалната средина. Оваа мешовита група ги има сите предиспозиции за да придонесе во голема мера за развој на прекуграничниот туризам во регионот на Пелагонија и Корча.Програмата ја реализираме во рамките на проектот SMART4YOU2, како дел од партнерството кое што го сочинуваат Општина Битола, Општина Пустец, НУ „Завод и музеј“ – Битола, Директоратот за културно наследство – Корча и Младинскиот културен центар – Битола.Проектот SMART4YOU2 се имплементира во рамките на ИПА програмата за прекугранична сорaботка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа.
Туристички оператори и потенцијални туристички оператори од регионот на Пелагонија и Корча во програма за зајакнување на прекуграничниот туризам
More from ВестиMore posts in Вести »
- Сашко Коцев ги пресмеа битолчани со стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“, настапи во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: Приведено лице од Битола барано со потерница
- Реконструкцијата првиот дел на улицата “Бурса“ или позната и како “Индустриска“ во Битола
- Д-р Сашо Глигоровски, редовен професор на Кинеската академија на науките нов член на УКЛО Битола мрежата
- Стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“ на актерот Сашко Коцев за рекордно време распродаден, ќе има нов настап