Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: анемијата или слабокрвност

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за анемијата или слабокрвност, за што вели:

-Анемијата или слабокрвност е состојба на намалување на бројот на еритроцитите, концентрацијата на хемоглобинот или вредноста на хематокрит. Намалената концентрација на хемоглобин ја намалува способноста на крвта да го транспортира потребното количество кислород од белите дробови до периферната крв со последица периферна хипоксија. Анемијата се среќава во детска возраст, бремени, возрасни лица, а  причините можат да се должат на слаба исхрана ,метрорагии и дисменореа, карциноми, крваречки улкуси на желудник и дуоденум, ерозивни крваречки езофагитиси и.т.н. Етиопатогенетската класификација ги дели анемиите на постхеморагични после различни акутни и хронични крварења, хемолитични анемии поради распад брз на еритроцити кои се карактеризираар ехографски со хепато и спленомегалија, хипорегенеративни анемии каде е засегната коскената срцевина со малигни клетки, вродени грешки или поради инфекции, колагенози, реуматски заболувања, како и најчеста група поради недостаток на градивни материјали (недостаток на Витамин Б12, фолна киселина, Б6, дефицит на витамин Ц и железо). Најчест облик на анемија е Сидеропеничната хипохромна железодефицитна анемија, поголем дел од железото е сврзано во ткивата во хемоглобинот или миоглобинот, апсорпцијата на железо во цревата зависи од количеството на резерви во организмот.

За симптомите на оваа болест д-р Чипуровски вели:

Клиничката манифестација на железодефицитната анемија е со малаксаност, забрзана работа на срцето, темнење пред очите, бучење на ушите, отежнато дишење, бледост на кожа и слузокожа, напукнатост на аглите на усните, атрогичен глосотис со израмнет без папили јазик и зацрвенет, ноктите лесно кршливи, конкавни во крвта има намалување на хемоглобин, железо, MCV, MCHC.

Најбитно е лекувањето со железни препарати да продолжи уште три месеци по нормализирање на вредности на хемоглобин во крвта со цел пополнување резерви на железо во организмот. Од храната најголема содржина на железо имаат (грав, грашокот, бамјата, леќата, џигерот, јајцата, марули, блитва, спањак, коприва, лешници, ореви). Зголемената апсорпција на железото од храната се постигнува и со внес на цитрусно овошје (цитрони, портокали, лимон) кое содржи високо ниво на витамин Ц, а намалена апсорбција има доколку за време на оброк се козумира кафе или чај.