Македонскиот ракометен шампион на стартот на подготовките ги промовраше новите засилувања кои ќе бидат дел од тимот во Лигата на шампионите во новата сезона. Меѓу нив е и српскиот бек, Урош Борзаш, кој во Битола ќе донесе искуство од Унгарија, Франција и Норвешка, а секако и искуства од Лигата на Шампионите.
За новиот предизвик во Битола, Урош Борзаш рече:
-Стигнав пред два дена пред старот на подготовките и ми се допаѓа градот и како луѓето тука уживаат во убавото време. Слушнав дека Битола го сака ракометот, видов некои натпревари каде навивачите се неверојатни и тоа ми е мотив да заиграм пред нив. Верувам дека добро ќе се претставиме во Лигата на шампионите и ќе ја одбраниме домашната титула. За мене Лигата на шампионите со Елверзум значеше едно големо искуство и сакам да го пренесам тоа на екипата. Сакам да помогнам во било кој сегмент. Би се радувал ако ја поминеме групата и зошто да не победиме некоја поголема екипа. Вие Македонците сте фанатици кога ракометот е во прашање. Во Србија е малку поразлично. Ќе ми биде чест и задоволство да играм пред македонските фанови. Ќе дадам максимум да ги оправдам очекувањата.