Press "Enter" to skip to content

Алжирскиот репрезентативец, голманот, Калифа Гедбан, ново засилување во Битола

Еурофарм Пелистер од Битола денес промовира уште едно засилување, овој пат на голманската позиција, а се работи за алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите, Калифа Гедба, потпиша договор на една сезона, со опција за уште една.

26-годишниот голман, висок  на алжирската репрезентација доаѓа како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт.

Гедбан Калифа ќе им се приклучи на Урбан Лесјак и Марко Кизиќ на голманската позиција во нашиот клуб.

Гедбан е висок 200 сантиметри, а тежок 110 килограми и веќе пет сезони е дел од европскиот ракомет. Две сезони мина во Вардар 1961 и стана шампион на Европа. По добрите настапи во Македонија се пресели во култниот шпански клуб Адемар Леон, а неговите добри настапи му донесоа трансфер во Динамо Букурешт. Во последните две сезони со успех го носеше дресот на романскиот гигант.

Калифа Гедбан деновиве доаѓа во Македонија и веднаш ќе му се приклучи на екипата на подготовките во Маврово. 

More from ВестиMore posts in Вести »