На тројцата ракометати од Еурофам Пелистер од Битола кои го засилија ракометниот тим на Охрид, деновиве им се приклучи и голманот Бобан Ристевски, кој во сезоната 2023/24 ќе го носи дресот на ГРК Охрид и е последно засилување на тимот.
Бобан Ристевски потекнува од битолската школа, а покрај за првиот, бранеше и за вториот тим на Еурофарм Пелистер, а има искуство и од настапите во СЕХА лига и во Лигата на Европа.
Ристевски ќе биде дел од голманското трио Даниел Ѓорѓески и Босанецот Берин Бркиќ.
Екипата во новата сезона ја предводи некогашниот истакнат македонски репрезентативец Стевче Алушовски, а од Битола преминаа левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски.