-Фестивалот “Илинденски денови“ во Битола е мој најомилен фестивал бидејќи многу години бев водител и дел од организацијата и затоа посебно ме е драго кога ме прашуваат и одговарам на оваа тема, како и сега кога ќе кажам некој збор и за тоа како беше ред 10 години, а јас бев како гостин и гледач. Мислам дека Фестивалот го заслужува најголемото внимание на битолчани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолкото новинарство.
43.издание на најстариот Републички фестивал на народни песни и ора “Илинденски денови“ се одржа од 29 јули до 1 август 2013 година, во Битола. Битола беше домаќин на ансамбли од Полска, Словенија, Бразил, Израел, Турција во склоп на интернационалната вечер. “Илинденски денови“ влезе и во календарот на мрежата на фолклорните фестивали во светот, рекоа тогаш организаторите.
Фестивалот започне со традиционалното дефиле по Широк сокак, а се одвиваше на различни локации како: битолската Магаза, Старата чаршија, Ракометното игралиште и Античкиот локалитет Хераклеја. На “Илинденски денови“ се претставија 30 уметнички друштва, а се одржаа и “Ехо од дамарите“, семинарот за традиционална музика и игра, проекциите на етнолошки филмови, дефилето на Широк сокак.
Новина во 2013 година беше манифестацијата “Напладне во чаршијата“, во која ќе учествуваат дел од ансамблите, кои ја презентираат својата програма во Старата битолска чаршија.

Деновиве пред 10 години: во Битола одржано 43. издание на “Илинденски денови“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: настан и марш против врсничкото насилство на “Магнолија“ во Битола (фото)
- “Магнолија“ ја “запалија“, кортео по Широк Сокак, моќно навивање во сала… “Чкембари“ Битола го прославија 38. роденден (видео + мега фото галерија)
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола: санација на канализационата мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“ Битола
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Хуманитарен концерт за Оливер Богоевски