Синоќа со концерт на Лозано како централен настан и со други настани завеши 2. по ред “Фестивал на жетвата“ кој го организира Општина Новаци, на кој присуствуваа бројни гости и локални жители.
На фестивалот имаше и изложувачи на земјоделска механизација, семенски материјал и вештачки ѓубрива, изложувачи на храна, мед, домашни тестенини и сл. кај манастирот “Рождество на Пресвета Богородица“.
-Oпштина Новаци е една од најголемите производители на храна во нашата држава а целосното информирање за важноста од сопственото земјоделско производство, вложувањето во ресурсите со кои изобилува Пелагонија, но секако и подигнување на свеста кај земјоделците за вложување и модернизирање на сопствените бизниси е од голема важност, рече на отворањето на “Фестивал на жетвата“, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
На првиот ден на фестивалот настапија Блага Петреска, Благоја Груевски, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Татјана Стефановска, Марјан Коцев, нашиот Ристо Самарџиев и секако, најмераклискиот оркестар на Скопски боеми, во рамките на “Мерак Меана“.
Со оваа манифестација Општина Новаци се афирмира како многу важна алка која придонесува за производство на храна и развој на економијата во државата во услови на светска криза.

Со концерт на Лозано заврши 2. по ред “Фестивал на жетвата“ во Новаци (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)
- Нема “карти“ за вечното ракометно карти Еуеофарм Пелистер – Вардар во Битола, веднаш распродадени
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 13 степени





