Болницата “Плодност“ од Битола е 20 години лидер во регионот во ИВФ постапките, благодарение на нашите ембриолози, кои што се двигатели на овој процес. Тие се грижат да создадат живот од секој земен примерок на јајце клетка и сперматозоид.Во изминатите 20 години, успешниот ембриолошки тим на болница “Плодност“, креираше повеќе од 3.500 семејства, а со уште поголем елан и знаење, таа бројка постојано расте.
Тимот на ембриолози во болница “Плодност“ го сочинуваат Николче Огненовски, Горан Стефановски и м-р Стефан Матиќ, предводени од прим. д-р Таше Трпчевски.
За успешноста на тимот, тука се и медицинските сестри Снешка, Анета и Оливера, кои помагаат да се создадат скапоцените ембриони во нашата лабораторија.
Пионерот со сопствени посебни визии за ИВФ постапките, д-р Таше Трпчевски, напорно собираше знаење и светски искуства од најдобрите, со цел да го реализира својот сон – да усреќи што поголем број семејства со принова во домот.
За потсетување, д-р Трпчевски собираше искуства и од пионерот на ембриологијата Роберт Едвард, првиот ембриолог кој преку ембриологијата ја создаде Луис Браун во 1978 и во чија чест се одбележува денешниот ден.
Д-р Трпчевски ги комплетираше своите знаења од Едвард во 2004 година, од кога датира фотографијата како резултат на соработката.