Press "Enter" to skip to content

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола го прослави 33. роденден (фотогалерија)

-На прославата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој рече дека очекува голема победа на прстојните парламентарни избори, потоа голема прослава во Битола, а секогаш Битола е предвесник на големите промени. Во “Терасата“ на хотел “Епинал“ во Битола, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола го прослави 33. роденден, на кој присуствуваа покрај претседалот Мицковски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, Владиката Петар, генералниот секретар на патријата Ѓорѓија Сајковски, пратеничките Огла Лозановски и Силнана Ангелевска, членови на општинскиот комитет, ветерани, членови на УМС, поранешни партиски фукционери, членови и симпатизери…По тој повод пред присутните членови на партијата се обрати претседателот Христијан Мицковски, кој прво на сите битолчани им го честита роденденот на општинскиот комитет, на сите кои се или биле дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, при што рече:-Поминаа 33 години од основањето на Општинскиот комитет во Битола, а сакам вечерва да им посакам добредојде и да и се заблагодарам на оние луѓе кои пред 33 години имаа визија и го формираа ВМРО-ДПМНЕ, овде во Битола, а тоа се основачите. 33 години беа сложени, 33 години бевме столбот на независна држава Македонија, 33 години камен по камен, тула по тула ВМРО-ДПМНЕ ја градеше и создаваше Македонија и 33 години, јас сум убеден дека, со успех тоа го правевме, без разлика дали бевме опозиција или на власт. ВМРО-ДПМНЕ покажа карактер и убеден сум дека уште најмалку 333 години на само во Битола, туку насекаде ќе покажува храброст и карактер како досега и ќе брани интересите на Македонија. 33 години е значаен јубилеј и очекувам сите заедно да славиме историска победа на следните парламентарни избори, овде во Битола, а потоа и насекаде, и со тоа да ја заокружиме современата историја на Македонија. За тоа ни е потребно обединување и единство околу ВМРО-ДПМНЕ.Како домаќин на прославата на роденденот зборуваше и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски кој рече:-Денес кога се обраќам пред овие луѓе кои започнаа и го формираа ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пред 33 години, секако не е сеедно, а посебно кога зборувам пред човекот кој е секогаш со нас и дава поддршка на сите наши проекти, а тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски. Се заблагодарувам на генералниот секретар, нашите пратенички во Собранието, на градоначалникот и сите активисти и членови на патријата за продонесот во развојот на Опптинскиот комитет. Вечерва, кога го славиме 33 роденден на ОК, сакам да порачам дека чесно ќе продолжиме да работиме, како што и започнаа основачите, и сакам да порачам. ВМРО-ДПМНЕ е како едно семејство, а како во секое семејство има некоја искра на надореченост, различно размислување, понекогаш и некоја кавга. Се греши, луѓе сме да си простиме и да продолжиме да работиме за добро на сите. Ни следуваат подобри денови, голема победа на парламентарните избори и за брзо време претседател на новата влада ќе биде Христијан Мицковски.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, обраќајќи се на прославата, позравувајќи ги  присутните рече:-Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои во 90-тите години, со кои од Битола започнаа новите ветришта кои ја зафатија цела држава, а тоа значеше да се подметни грбот и да понесе товарот на ВМРО-ДПМНЕ, во време кога требаше да се гради новата држава. Секако им се заблагодарувам на сите кои се сега дел од партијата, членовите, органите и структурите на патријата, советниците… Она што за овој период, за мене краток, значеше многу, со многу проекти, со работи кои се среќаваме секојдневно, за кои сте сведоци вие, за некое е за некои изгледа долг. Можеби се очекуваше повеќе, но верувајте во овие услови, на тешки времиња тоа е невозможно. Единството и слогата во партијата ја донесоа победата на локалните избори, затоа сите цврсто еден до друг да застанеме и да го зададеме завршниот удар и Македонија и Битола да си добијат местото кое го заслужуваат. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајковски рече дека му посебна чест и задоволство што е вечерва во Битола, пред основачите, членовите, пратениците, владиката Петар и сите кои се присутни  и што може да додели благодарници за луѓето кои имале храброст и пркос, во себе, во 90-тите години, да бидат членови на ВМРО-ДПМНЕ, да ја развијат идејата за посебна држава, за своја сопствена држава, за раѓање на Република Македонија.Благодарниците ги доделија Сајковски и претседателот на Унијата на ветерани на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Ризовски, а се обрати и поранешниот пратеник од Охрид, Ламбе Арнаудов.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »