Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола ги започна подготовките за престојната сезона, а со една цел, а тоа е пласман во плеј-офот, каде “помладиот брат“ на Еурофарм Пелистер игра три години по ред.По работниот состанок на ракометарите со претседателот Зоран Стерјев и спорскиот директор Бранислав Ангеловски, првиот тренинг го одработи новиот тренер Михаил Петровски, но со видно променет ростер.
На првиот тренинг беа и новите имиња во Еурофарм Пелистер 2, Стефан Трпчевски, Петар Маркоски, Симон Мирчевски, Иван Младенов и Дејан Дуковски, а поради репрезентативни обврски во младинската селекција не беа присутни Самоил Ристевски и Ненад Белистојановски.
Михаил Петровски ја доби довербата од Управата да биде наследникот на Александар Зарков на првиот собир рече:
-Пред мене имам една голема одговорност, затоа што наследувам одлична екипа. За мене ова ќе биде сатисфакција и шанса за докажување. Можеби ќе ја предводам најмладата екипа во шампионатот, која има просек 19 години. Сакам да напоменам дека од 23 ракометари кои што се во ростерот, дури 16 се битолчани. Наидов на млада екипа која што сака да се докажува, која што сака да тренира, да работа и е желна за победи. Целите се исти и оваа сезона – тоа е пласман вo плеј-офот. Заради преангажираноста во Маврово, останaвме во Битола и тука ќе ги одработиме подготовките. Сметам дека тоа нема да биде проблем. Закажавме неколку пријателски средби со квалитетни екипи, а ќе учествуваме и на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Во тимот на Еурофарм Пелистер за оваа сезона се : Василије Печурица, Стефан Ковачевски, Иван Младенов, Атанасиј Трсунов, Иван Димитровски, Марко Димовски, Богдан Мијушковиќ, Христијан Митревски, Томче Пецаковски, Стефан Талевски (капитен), Мартин Ивановски, Јован Марковски, Стефан Ѓорѓиевски, Архангел Трсунов, Симон Мирчевски, Стефан Трпчевски, Самоил Ристевски, Христијан Ристевски, Петар Маркоски, Дејан Југовски, Ненад Белистојановски и Никола Блажевски.
Помошник на Петровски на кормилото на Еурофарм Пелистер 2 ќе биде уште еден поранешен член на битолскиот клуб Васко Димитровски, а тренер на голманите останува Зоран Атанасовски.
Инаку од ланскиот тим заминаа: Никола Стоилевски (Охрид), Мартин Јовановски (Анортозис), Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер), Мерис Бошњак (Струга), Андре Буторац, Димитри Блажевски.
Екипата ќе се подготвува во Битола, ќе одигра контролни натпревари против Еурофарм Пелистер, Прилеп, Динамо Врање, а ќе учествува и на Меморијалниот турнир “Миле Нешковски“ во Прилеп. Еурофарм Пелистер 2 дел од групата “2“ со Кокс од Финска, Пролет и Мулти Есенс.

Стартува со подготовките и Еурофарм Пелистер 2, со нов тренер и 16 битолски ракометари (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Да го изградиме мирот во дигиталниот свет“ во чест на Татјана Петрова во организација на Ротари клуб Битола Широк Сокак (фото)
- Билтен на МВР: со камион на “Дулие“ повредена 72 годишна жена пешак, повреден мороциклист во Кравари и приведување
- Бројни активности на УКЛО Битола за Европската недела на мобилност (фотогалерија)
- Фестивалот “Браќа Манаки“ започнува в сабота во Битола со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови (фото)
- СВР Битола претрес во Битола, пронајдено половина килограм марихуана
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер немоќен против Алборн, со пораз во Данска се враќа во Битола
- ФК Пелистер помина во Купот, го победи Велазерими во 1/16 финалето
- Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: да го подобриме впечатокот од првото коло
- Еуерофарм Пелистер отпатува за Данска, данецот Нилсен вели: играат многу организиран ракомет
- Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори Супер лигата, пораз од Вардар во Скопје