Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на активностите со кои се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ. Улицата се асфалтира во должина од 180 метри и вкупна вредност на инвестицијата од општинскиот буџет во вредност од 6.133.710,03 денари.
Претходно, на оваа улица локалната самоуправа инвестираше во поставување на водоводна мрежа.
-Дел од проектите кои ова локална самоуправа ги изведува е оваа улица, односно денес се поставува коловоз на улицата “СРУ 5“ во АРМ која е во завршна фаза. Фактички станува збор за дооформување на дел од улиците во старата касарна. Проектите продолжуваат и го почитуваме времето на изградба и продолжуваме интензивно да се работи, а градот е градилиште и така ќе продолжи, без разлика дали на некои им се допаѓа или не, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Ова е уште еден инфраструктурен проект, планиран и реализиран од Општина Битола во оваа градежна сезона, во која досега се завршени над 4.5 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел од општината, а работите тековно, според програмата се одвиваат на над 15 други локации.

Асфалтирање на улица “СРУ 5“ во Старата касарна во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Жарко Пешевски е “МВП“ на натпреварот, во натпреварот на неделата на ЕФХ
- Еурофарм Пелистер со голема победа во Битола, поразен ПИК Сегед по голема борба и прекрасен ракомет (фотогалерија)
- Ален и Адриан Рустемовски и тренерот Петровски на прием кај министерот за спорт
- Новоименуваната амбасадорка на Кина во посета на Општина Битола
- СВР Битола: тешко повредена девојка на електричен тротинет, уапсени двајца за марихуана





