Press "Enter" to skip to content

Притвор за кривично дело тешка телесна повреда, 40 санкции за моторциклисти, приведување за марихуана, физички напади…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата “Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Во текот на  вчерашниот ден (25.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, 30 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 8 возеле без возачка дозвола, 1 мопед бил со измината важност на осигурителна полиса… За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.

На 25.07.2023 на ул. „Батаљон Стив Наумов“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 41 и 27 години двајцата од Битола, бидејќи кај едното лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.07.2023 во СВР Битола, И.Ј.(31) од Битола пријавил дека на ул.„Столарска“ во Битола бил физички нападнат од друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.07.2023 во СВР Битола, С.З. (25) од Битола пријавил дека на ул.„Димче Лахчански“ во Битола бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет и му го оштетиле неговото патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2023 во СВР Битола, С.Д. (73) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.

На 25.07.2023 во СВР Битола, С.Т.(60) од Битола пријавил дека на ул.„Канинска“ во Битола бил каснат од куче скитник.