Една од банките која е со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година го прославува јубилејот 75 години постоење.
Преку континуирано следење на потребите и креирање на соодветни производи и услуги, Стопанска банка а.д. Битола повеќе од 7 децении е силна поддршка на населението и бизнисите во земјата.
Овој голем и значаен јубилеј Стопанска банка а.д. Битола го одбележува со низа активности кои вклучуваат различни типови на поволности за различни групи на клиенти. Дел од тоа е и пакетот на поволности за правни лица – постоечки и нови клиенти на банката:
- Сите правни лица кои ќе орочат депозит над две години во износ поголем од 2.000.000,00 денари ќе добијат каматна стапка за 1,5 процентни поени повисоки од постоечките за соодветните рочности според Политиката за каматни стапки;
- Месечен пакет за сите постоечки корисници на платежни услуги – правни лица за реализирани 5 девизни плаќања во месецот, за петтото плаќање банката не пресметува провизија. Оваа поволност за плаќање се однесува на дознака со најмал износ.
- Месечен пакет за сите новоотворени платежни сметки на правни лица во валута каде за реализирани 3 девизни плаќања во месецот, за третото плаќање банката не пресметува провизија. Оваа поволност за плаќање се однесува на дознака со најмал износ.
*Условите важат до 31.12.2023 година.
Со овој чекор, Стопанска банка а.д. Битола покажува дека главниот фокус на работењето е препознавање и задоволување на потребите на клиентите со единствена цел, како и изминатите 75 години – градење на традиција на лојалност.