Жарко Пешевски е новиот капитен на Еурофарм Пелистер од Битола, кој капитенската лента ја доби на подговките во Маврово, каде и се однесува во таа насока, ги бодри младите, им ги дава потребните совети, заедно е со искусните е и ќе биде врската меѓу стручниот штаб и управата на клубот од Битола.
Како Пешевски, наследникот на Мирко Радовиќ како капитен, ги гледа подготовките и наредната сезона, каде се подготовките во Маврово се во завршна фаза, ни рече:
-Супер тешки подготовки во Маврово на кои почнавме жестоко од самиот старт, но ние сме шампионите на Македонија кои заслужено ќе играат во Лига на Шампиони и затоа максимално се подготвуваме и да бидеме подготени за престојните предизвици. Првата фаза беа базични подготовки, за подобрување на силата, за трчањето, со многу малце ракометни тренинзи. Сите ракометари, според говорот на телото, се желни за докажување во најдобро светло во зелениот дрес и мислам дека ќе биде успешна сезона, која на крајот сите ќе ја паметеме. Со освојување на ланската титула се надмина една психолошка бариера, за што Пешевски вели:
-Еден голем товар го симнавме од грбот со освојување на титулата, но титулата секако е мотив плус за нас, но во иднина максимално ќе бидеме “ловени“ од сите во Супер лигата, како мотив плус за нив. Затоа многу сериозно треба да го сфатиме македонското првенство. 16 напревари во Лигата на Шамионите ќе бидат спектакл за сите нас во Битола, за уживање но и за докажување и постигнување на успех.
Според Пешевски сите нови ракометари се добредојдени, одлично прифатени од самото доаѓање и веќе се вклопени во тимот.
-Постои одлична хемија и сите заедно оние кои се дел од ланскиот шамионски тим и новите сме сложни и работиме во еден правец, титулата да остане во Битола подолго време, но и вториот пехар, од Купот, да дојде во Битола, вели Пешевски.
С.Ристевски