Press "Enter" to skip to content

Систина Офталмологија прва очна болница акредитирана од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на здравствени установи во Македонија

Систина Офталмологија, како водечка болница за очна нега, врз основа на исклучителниот начин на работа според највисоките стандарди на работа и грижа за нашите пациенти во изминатите 13 години, стана првата акредитирана очна болница во Македонија.Акредитацијата е спроведена и доделена од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на Здравствени установи а служи како признание и доказ за беспрекорната посветеност на нашата болница кон своите пациенти и за секојдневниот стремеж за извонредност во офталмологијата. Систина Офталмологија ја доби највисоката оценка и максимален период на акредитација од 5 години.

 “Горди сме на овој успех кој од една страна претставува потврда за досегашното работење засновано на работа според воспоставени процедури и протоколи и воедно е поттик за идно унапредување. Агенцијата за квалитет и акредитација беше огромна поддршка во овој заенички процес кој неминовно беше деќа ќе заврши успешно.  Целокупното работење на Систина Офталмологија е според нависоките стандарди имајќи го пациентот во фокусот на се она што го работиме. Овој успех е резултат и на тимската работа на вработените во болницата и заедничакта заложба” – изјави медицинскиот директор д-р Златко Арнаудовски.Оваа Акредитација е потврда за позицијата на Систина Офталмологија како лидер во офталмолошките услуги во регионот, која работи според најсовремени третмани, подржани од тим на висококвалификувани медицински офталмолози, хирурзи, медицински сестри и анестезиолози.

https://sistinaoftalmologija.mk/sistina-oftalmologija-prva-ochna-bolnica-akreditirana-od-agencijata-za-kvalitet-i-akreditacija-na-zdravstveni-ustanovi-vo-makedonija/