Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: концерт на воениот оркестар на АРМ во Битола (фото)

Пред 10 години, во Битола, во престерт на големиот македонски празник Илинден, воениот оркестар на АРМ во рамките на проектот на Министерството за одбрана “Армијата до граѓаните“, одржа концерт во Битола, на плоштадот “Магнолија“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Пред концертот Воениот оркестар заедно со припадниците на баталјонот за почести продефилираа низ центарот на Битола, а гардистите на АРМ ја изведат точката “Егзирцир“ со која демонстрираа висока строева извежбаност во работа со пушка, вели Миновски.
Воениот оркестар во траење од околу еден час изведе репортоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба, а кои се атрактивни за различни генерации слушатели.Во рамките на проектот за интензивирање на соработката со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните со што ќе се зајакне и цивилно-воената соработка и во градовите каде АРМ нема гарнизони. Концертот и строева извежбаност во работа со пушка ги “натераа“ битолчани да се почуствуваат каде дел од големите светски центри каде ваквите настани се вообичаени. Битолчани и нивните гости посебно беа воодушевени од изведбата на точката “Егзирцир“ на почесната гарда, со која демонстрираа висока строева извежбаност во работа со пушка.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »