Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера санкционирани 144 возачи, 75 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што  изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции,  16 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречена е една мерка за користење мобилен телефон при возење, 7 санкции за некористење на заштитна кацига -шлем…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »