Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 34 степени

Денес, среда, 2 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 34 степени. UV=8.

Утре, четврток, 3 август, во Битола, времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 36 степени. UV=9.