На 02.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во село Долно Дупени, ресенско, лишиле од слобода три лица од Битола на возраст од 36, 41 и 28 години, сите од Битола и три лица од Скопје на возраст од 35, 47 и 37 години сите од Скопје, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.
На 02.08.2023 полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 26 и 23 години од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.