Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 30 степени

Денес, понеделник, 7 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидтометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 30 степени. UV=8.

Утре, вторник, 8 август, во Битола, времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 26 степени. UV=8.