Press "Enter" to skip to content

Замениците капитени Еурофарм Пелистер од Битола, Костевски и Танковски, за сезоната која е на прагот

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во Битола ја одработува втората фаза од подготовките за новата сезона, по што ќе следува играњето на ракометните турнири во Охрид и Добој, каде ќе се бруси формата за наредната сезона во Лигата на Шампиони и домашното првенство.   

Еурофарм Пелистер од Битола има нов капитен, а тоа Жарко Пешевски, а негови заменици се репрезентативците Ненад Костевски и Марио Танковски. Како тие двајца гледаат на сезоната која се наближува со свои ставови.Десното крило Ненад Костески е оптимист за настапот на македонскиот шампион во европската елита и вели:

-Не очекува еден тежок период, кој ќе биде исполнет со многу натпревари. Се подготвуваме за Лигата на шампионите, но тука го имаме и домашното првенство, најверојатно и регионалната СЕХА лига, не очекуваат премногу дуели…Во оваа фаза од подготовките се работи на физички план, наскоро почнуваме и со тактичкиот дел и се надевам на една добра претстава во Лигата на шампионите и зошто да не изненадиме некои фаворити во Битола, но и на гостински терен. Некогаш буџетот не игра голема улога, па така доколку ја посакуваш победата, треба секогаш да си подобар од ривалот, без разлика со каков буџет располага Оваа година не очекува едно интересно и квалитетно домашно првенство. Како што знаеме, тимот на Алкалоид го подобри својот ростер, но и Вардар е во доста изменет млад состав, така што ќе имаме навистина една многу тешка задача, бидејќи мислам дека е многу потешко да ја одбраниш освоената титула, отколку да ја освоиш, ќе имаме навистина сериозен предизвик, но целиме да ја одбраниме титулата во лигата и Супер Купот, како и да го осовиме трофејот во Купот на Македонија.Средниот бек Марио Танкоски, кој веќе три сезони настапува во битолскиот клуб вели дека до стартот на натпреварите, староседелците ќе се воиграат со новаците додва:

-Овие се најтешките подготовки што сме ги имале досега. Сепак тоа се базични подготовки на кои повеќе се работи на сила, на кондиција и на трчање, а помалку со топка. Нормално е полека да се запознаваме меѓу нас играчите во игра, тоа е исто важен дел и мислам дека добро ќе биде склопено пред да почнат натпревари. Сите играчи што дојдоа досега ми се познати, сум ги гледал и во нивните клубови и во репрезентации. Можам да кажам само пофални зборови за нив. Се работи за големи професионалци, тренираат со 100% од силите, и можат да ни бидат од голема помош за натпреварите од Лигата на шампионите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »