Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: полициски акции против ченџерите и дивите таксисти, физички напад, приведување за марихуана, повреден моторциклист

Денес  на подрачје на Битола од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола изврши полициска акција насочена за дивите такси превозници кои вршат нелегален превоз на патници и против нелегалните менувачи на пари (ченџери). СВР Битола повеќе детали најави по завршување на Акциската контрола.

На 07.08.2023 во СВР Битола, 44 – годишен маж од битолско село пријави дека во Битола бил физички нападнат од неговиот татко на возраст од 68 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.08.2023 на ул. „Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 24 и 30 години од Битола затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2023 во 15.14 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 39 годишник од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 27 годишник од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола. Увидот на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »