Проектот за „Изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците Цане Василев и Кочани“, влегува во завршна фаза.
Денес, започна асфалтирањето на просторот, а увид во активностите изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните служби од општината.
Проектот се реализира на површина од 800 метри квадратни, со што до неодамна запуштениот простор, на кој се наоѓаа диви гаражи и депонии, сега добива нов лик, со нови 34 паркинг места за автомобили.
Вкупната инвестиција на општина Битола, за овој проект изнесува 4.022.360 денари.