Еурофарм Пелистер – Охрид 30:23 (15:13)
Спортска сала “Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Гедбан, Нилсен 2, Кузманоски 6, Костески 2, Борзаш 5, Кисум 1, Васиљев, Петровиќ 3, Цехте 3, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Стевановиќ, Танкоски 2, Ѓорговски 3, Дејвис, Сери.
Охрид: Ѓоргоски, Бркиќ, Ристевски, Орјаканидѕе 1, Бојаниќ 3, Ојлески 1, Сафренко, Шешиќ 3, Цирар 9, Дрогришки, Крстески, Стоилевски, Тасески 3, Андоноски, Кукоски, Шипинкоски 1, Каракоч 2.Денес екипите на Еурофарм Пелистер и Охрид одиграа пријателски натпревар во кој битолчани славеа со резултат 30:23, полувреме 15:13.
На оваа средба екипата на домаќинот покажа дека е подобра екипа уште во првото полувреме кое го доби со 2 гола разлика, а шампион тоа го потврди во вторите триесет минути.
Еурофарм Пелистер во вториот дел ја зголемуваше предноста, која на крајот беше седум голови разлика.
Тренерскиот тандем Јовиќ и Шундовски им дадоа шанса на сите ракометари кои беа на клупата.
Најефикасен во победничкиот тим беа Цветан Кузманоски со шест, односно Борзаш со пет голови, а уште по три постигнаа Петковиќ и Ѓорговски.