Press "Enter" to skip to content

По летни горештини во РЕК “Битола“ во завршна фаза се работните активности за подготовка за грејната сезона (фото)

Генералниот директор на РЕК “Битола“ Пеце Матевски и директорите на Термоелектраните и Рудникот – Александар Пасков и Димитар Петковски, на средба со новинарите зборуваа за подготовките на Комбинатот за претстојната грејна сезона и за тоа кои се работи се завршени по овие летни температури. Генералниот директор на РЕК “Битола“ Пеце Матевски, за работите на разладната кула на Блок 2, ремонтите рече:-Она што го кажавме и најавивме пред триесетина дена за задачите кои си ги задодевме и ремонтните активности, денес можеме да го кажеме дека се остварени и покрај тоа што работевме на високи температури, а работата во Комбинатот се одвива со нормално темпо. Ремонтот на “Блок 1“ е завршен и ставен е во функција. Јагленовиот систем кој 30 години беше на едно исто место сега е пренесен, се во рамките на работата, со цел да има што поголемо производство и е ставен во функција, а сега се раборти на ремонтот на “Блок 2“, а ремонтот ќе трае шеесетина дена. Исто така се работи и на модернизацијата на разладната кула 2,  каде што азбестните плочки се заменат со еколошки материјали. Со сите овие активности кои траат подолго време, нашиот Комбинат го осовременуваме со набавка на нови машини, трансформатори, замена на стари материјали и го враќаме сјајот на РЕК “Битола“ благодарение на работниците и на успешноста на менаџментот. За тековните ремонти во Термоелектраните на РЕК “Битола“ директорот Александар Пасков рече:-Во м0ментот се извршува ремонт на “Блок 2“ кој започна пред еден месец и сме на средина на ремонтот, кој треба да заврпи на 5 септември. Започнати се активности на сите постројки. Во машинска сала изваден е роторот на генераторот, се работи на генераторот, на турбината и на котловскиот дел на “Блок 2“. Мораме да споменеме дека најголема активност е на кулата. Модернизација и реконструкција на култата, каде се направени нови плаштови кои се заменети, односно се модернизирани. Се работи на замена на азбестниот дел со нови современи материјали, а целиот проект е започнат пред две години. Во рудникот “ПЈС“ се премести на јагленовиот систем по 30 години, а за таа посебна операдина директорот на Рудници, Димитар Петковски, појасни:-Во рудникот “ПЈС“, по старо, рудник “Суводол“ каде што се завршните операции од преместувањето на јагленовиот систем и пуштање во работа, како и што најавивме пред 30 дена, а тоа се гледа на самото место каде е извршено пренесувањето. Од тогаш, во изминатиот предиод е преместен и реконтруиран и поставени се нови делови на јагленовиот систем, а сето тоа ќе овозможи подобра работа во зимскиот период, и за поголема откривка и поголем ископ на јаглен, во местата кои се најтешки за работа. Најкомплицирано беше преместувањето на погонските станици, кои се тешки за тоа треба многу механизација. Системот е пренесен за еден километар во должина од 6 километри. Сето тоа е направено со наши средства, на РЕК “Битола“, со максимално залагање на вработените во Рудници. Со оваа операција во наредните 4-5 години јагленовиот систем ќе биде “мирен“ и со него потребните количини јаглен ќе се пренесуваат до термолектраната.Во тек е реконструкција на јаловинскиот систем кај пто треба да откриеме јаловина и да ја однесеме надвор од рудникот.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »