Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: истрага за лица лица кои вршат и нудат сексуални услуги

Криминалистичката полиција на СВР Битола како резултат на појава на кривични дела по чл. 191 од Кривичен законик, односно „посредување во вршење на проституција“ и прекршок по чл. 19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно „вршење на проституција“ има воспоставена криминалистичка истрага  насочена кон лица кои вршат и нудат сексуални услуги на паркинг просторите, во хостели, преноќевалишта, хотели, паркови и други места, како и кон лица кои посредуваат при извршување на истото.
 
Како резултат на сето ова, на подрачјето на СВР Битола од почетокот на месец февруари до месец јули 2023 година, полициските службеници реализирале вкупно 185 постапувања на подрачјето на СВР Битола (најголемиот дел во Битола), при што легитимирани биле повеќе лица, извршени се информативни разговори во полициска станица, за што до овој момент е поднесена кривична пријава по чл.191 од кривичниот Законик ,„Посредување во вршење на проституција“, а санкционирани се и 12 констатирани прекршоци по чл.19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
More from ВестиMore posts in Вести »