Press "Enter" to skip to content

Прва вечер “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола(фотогалерија)

-Вечерва во Старата чаршија во Битола се ширеа мелодичните звуци од изворните македонски песни и други популарни мелодии во изведба на групата “Боеми“ од Битола, на првата вечер од  6. по ред “Фестивалот  на староградска музика“.

Старата битолска чаршија, местото на еснафите на Битола – градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, градот кој со себе носи многу приказни кои се раскажувале, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик. Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух се одржа првата вечер од „Фестивалот на Староградска музика и вино“.Чаша добро вино “Ciflik Winery“ и одлична стаградска музика, но и македонски популарни шлагери. Целта  на овој настан е сите, заедно да го вратиме духот на битолската чаршија. Многу присутни уживаа во боемска вечер со вино и групата  “Боеми“.Дел од нив сега  веќе возрасни битолчани, носталгично се вратија во својата младост кога тука излегувале, вљубувале, дружеле… Тие  се присетуваа дека  еден период поточно во 90 години,  тука и се случувал културно- забавниот живот на битолчани и тоа не само во лето, туку и преку целата година. Голем број на кафулиња, ресторани каде до доцна во ноќите музиката не била проблем за околината.-Овој фестивал се одржува шеста година по ред и со него сакаме да го вратиме сјајот на битолската чаршија и можеби со повеќе вакви манифестации ќе заживее во овој летен период. Амбиентот е создаден за ваква музика и уживање во неа со чаша вино од винаријата “Чифлик“. Вечерва тука се собраа повеќе генерации, рекоа организаторите.Фестивалот продолжува утре на истото место со групите “Гердан“ и “Битолски тамбураши“, а како и вечерва ќе се бара место повеќе.

Ж. Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »