Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Мирче Калајџиески, е најновото засилување во тимот на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за перспективниот ракометар, кој игра на позиција среден бек, потпиша договор на четири години.
Мирче Калајџиески има 19 години, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.
Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим, кој ќе има што да каже во Суперлига.