Во приказната – за Црвенкапа. Главниот лик делува како „Спасител“ кога оди кај својата болна баба. Но, брзо се префрла во улога на „Жртва“. Волкот најпрво е „Прогонител“, а подоцна и самиот станува Жртва“ на гонителите – ловци. И тие стануваат „Спасители“ на девојчето и бабата. Во бајките и приказните на едноставен начин се прикажани (луѓето) личностите во меѓучовечки односи.
Еден едноставен пример кој ќе ни служи како асоцијација како една или истата личност може да се движи од улога во улога на: Жртва, Спасител, Прогонител во психолошкиот Драма триаголник.
Како ќе знаете дека завземете некоја улога и која ?
Разочарување, бес, тага, чувство на вина – сигурно сте се соочиле со овие чувства после интеракција со одредено личности, во љубовни, пријателски односи… Деца, споружници, родители, пријатели, соработници, претпоставени на работно место – со поедини личности повторно и повторно ви се случува исто. Повторување на исто однесување дава исти негативни резултати и на крај завршувате со чувство на непријатност, немоќ и обесхрабрени.
Најпрво како да знаете дека сте во игра ?
„Оваа ситуација ми се случила веќе сто пати, не знам што да правам!“
„Секогаш ми се случуваат исти работи“
„Секогаш налетувам на исти мажи“
„Се распаравам само со мајка ми, и со никој друг“
„Само сакав да помогнам, сите се неблагодарни“
„Животот е неправеден, и секогаш мене се ми се компликува.“
Ако слушнете дека некој од вашата околина или Вие сами ги изговарате овие реченици, веќе сте во ИГРА или сте дел од неа, во која преземате некоја од улогите: Тоа се улоги во т.н „Драма триаголник“ на психологот Стивен Карпман социјален модел кој помага да се анализираат психолошките игри на взаемна контрола во кои влегуваат личностите. Она што дава сила на овој триаголник и значење е тоа што луѓето се префлуваат од улога во улога и преминуваат низ сите три улоги, а никогаш и да не излезат од триаголникот. Замката е во тоа што луѓето ги одигруваат овие улоги за да ги задоволат личните (често несвесни) потреби.
Жртва, Прогонител и Спасител се маски кои ни помагаат да ја сокриеме или ооневозможуваат желбата за свој психолошки раст и развој. Тие имаат различни аспекти.
Улога ЖРТВА
На пример став на Жртвата е „Кутар јас“!. Жртвите ја користат секоја прилика да се жалат, дури и нивниот вообичаен тон на гласот е жалосен. Тие се вечни жртви на самиот живот и заради тоа лесно успеваат да се разболат, имаат проблеми и непријатности. Жртвите се чувствуваат немоќно,неспособно, заглавено и понекогаш очајно. Често не ја препознаат ни сопствената способност да ги променат работите или влијаат на својата судбина.Не прифаќаат одговорност- тие веруваат дека не можат да бидат криви ни за што, бидејќи не се неодговорни, и избегнуваат одговорност. Жртвата може да манипулира и да ги искористува другите прикривајќи ја својата наводна беспомошност, и во исто време да го храни своето чувство на безвредност и несигурност. Заради тоа што има толку недостатоци мисли дека заслужува безусловно разбирање. Од оваа позиција лесно се преминува во улога на Прогонител.
Жртвите привлекуваат Спасители и Прогонители. Од една страна создаваат меѓусебна зависност- прекумерна емоционална или психолошка зависност од Спасителот . Овој става поттикнува пасивно однесување кое ги спречува да ги развијат своите способности. Од друга страна жртвите го потврдуваат своето уверување дека животот е тежок и неправеден кога ги „малтеретира“ Прогонителот. Затоа за да ја „одиграат“ својата улога на Жртва, им требаат Спасители или Прогонители. Личноста во улога на жртва бара Спасител кој ќе ја спаси, а ако некој тоа го одбие или не го направи многу брзо таа личност ја доживува како прогонител. Жртвите имаат потешкотии при донесување на одлуки, решавање на проблеми, пронаоѓање на задоволства во животот или при разбирање на своето однесување во себе.
Улога ПРОГОНИТЕЛ
„Дали сум во право или потполно сум во право?“ Ставот на Прогонителот е „Тоа е твоја вина„ Тие својата фрустрација ја пренесуваат на другите. Критикуваат и ги обвинуваат „Жртвите“. Поставауваат строги граници и правила. Авторитативни, често лути и непријатни. Сакаат да имаат контрола над се. Исто така може да угнетува, заканува, и малтретира. Настојува другите да му дадат моќ и смисла како би можел да донесува судови. Знае како да ја покаже својата окрутност, и да ги застрашува другите. Всушност тој е голема кукавица, кога мора да се соочи со своите стравови. Прогонителот не може да биде флексибилен, се плаши да ризикува, па и самиот станува жртва. Тој постојано вика и критикува, но всушност не решаваат ниту еден проблем, ниту пак им помагаат на другите да ги решат проблемите. Оваа улога е нејекстремна верзија од сите три улоги, но може да се наиде и на личности кои играат поблага верзија.
Улога СПАСИТЕЛ
Ставот на Спасителот е „Дозволи ми да ти помогнам“, тој е пријателски настроен и мора да се чувствува потребен. Тој работи на тоа да помогне и да се грижи за другите луѓе. Потребни му се „Жртви“ за да им помага.Но и често не дозволуваат жртвата да успее или да се подобри. Неговата помош меѓутоа не е така несебична. Тој се чувствува небитен и се обидува да ги натера другите да се ослонуваат на него, за да се чувствува важен и да ги стекне симпатиите на другите. Понекогаш се жали дека не добива ништо за возврат за тоа што му помага на другите и се чувствува „изманипулирано“,па така лесно може да се префрлува во улога на Жртва. Спасителите често се вознемирени, презафатени, уморни, во маченички стил, додека под таа маска врие лутина. Спасителите нестрпливо се вклучуваат во туѓите животи чекајќи признание и одобрување. Често прават претпоствки за потребите на другите луѓе. Тие прискокнуваат да помогнат и пред некој да ги замоли.
Промена на улоги
Ситуации во кои можеме да глумиме во драмскиот триаголник се многу. Кога еднаш станеме свесни за улогите, шесто се обидуваме да искорачеме така што усвојуваме друга улога. Ако од секогаш сум бил Спасител, ќе престанам да спасувам. Но Најверојатно ќе освојам друга улога, улога на прогонител и ќе продолжам да играм…бидејќи промената на улогите НЕ ЗНАЧИ дека сме излегле од триаголникот. Доколку дозволиме овие улоги да го водат нашето однесување, ризикуваме да западнеме во кругот на емоционалната вртелешка, која тешко може да престане да се врти.
Зошто тогаш не престанеме да играме игра во која никој не победува?
Како да се извлечете од овој штетен модел на однесување и да комуницирате и однесувате што посвесно? Со цел да воспоставиме добри меѓучовечки и социјални контакти неопходно е да сме свесни за сите овие улоги и да преземаме чекори со кои ќе ги избегнеме. Можеме да го избегнеме Драма триаголникот со Победнички триаголник.
Ако влегуваме во улога на ЖРТВА Да станеме свесни за тоа и
– Да се ослободиме од мислите дека секогаш некој нешто ни должи.
– Да престанеме да се ставаме во улогата на Жртва, обвинувајќи ги другите за сопствените неуспеси и да преземеме одговорност за сопствените постапки
Во победничкиот триаголник – Наместо да се биде Жртва, се учи да се биде ранлив. Ранливите се свесни дека страдаат, дека имаат проблеми. Но, тие исто така разбираат дека имаат доволно симпатии. Дека самите можат да ги решат своите проблеми. Во таков случај Тие се подготвени отворено да побараат помош без да започнат психолошки игри.
Како СПАСИТЕЛ – Кога нудиме помош тоа да го правиме со една алтруистичка побуда, не очекувајќи пофалби и награди за стореното.
Да научиме да кажуваме „НЕ‟ за проблемски ситуации кои не се во наша надлежност или за кои немаме доволно знаење и искуство.
Во Драмскиот триаголник, Спасителот често „прави добро и прави добро“ на штета на сопствените желби и потреби, помага и решава туѓи проблеми, без да прашува, наметнувајќи ја својата визија. Во победничкиот триаголник, Спасителот станува Грижлив, почитувајќи ја способноста на ранливите да размислуваат, дејствуваат и да бараат што им треба.
И конечно, Прогонителот користи енергија за да ги задоволи сопствените потреби и да ги брани своите права. Крајната цел не е прогон и казнување на другиот, туку промени кои ќе ги земат предвид неговите интереси и потреби.
Освестувањето за позицијата која ја носиме во емоционалниот триаголник ќе овозможи излегување од тој затворен простор кој допринесува за разменување на негативни контакти, а воедно ќе ја подигне самосвесноста за нашата улога и одговорност во истите.