Денес во Битола на 92 годишна возраст почина Ристо Георгиевски, кој во својот работен век работел на повеќе работни места, а се пензионирал како судија во Окружниот суд во Битола.
Ристо Георгиевские роден 1931 година во Бистрица – Битолско. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. По завршување на приправничкиот стаж завршил и правосуден испит. Како правник работел во стопансвото, управата и како судија во Окружниот суд – Битола.
Има објавено повеќе стручно – научни трудови од областа на правото. За покажаната општествена и научна активност добитник е на повеќе награди и признанија, а бил и редовен член на Македонското научно друштво од 1973 год.
Ристо Георгиевски 12 години секретар на Собрание на Општина Битола, претседател на КУД “Стив Наумов“, претседател на Советот на Феријалното летувалиште “Преспа“ во Претор и бил и на други функции.
Погребот ќе биде утре, четврток 17 август во 12 часот во Светонеделските гробишта во Битола.