Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ со добро издание против Монпелје, денес во Добој ќе се бори за 5. место

Монпелје – Еурофарм Пелистер 29:26 (12:11)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола ќе се бори за петтото место на “ТВ турнирот на шампионите“ во босанскиот град Добој, откако во последното 3. коло од групата е поразен од екипата на француски Монпелје со резултат 29:26, полувреме 

“Пелистерци“ беа достоен противник и долго време му парираа на поранешниот европски шампион. На стартот се играше гол за гол, а првпат со два гола поведе Монпелје 5:3, а потоа  “пелистерци“ израмнија. Во последните десет минути од првиот дел се влезе 8:8, по што Еурофарм Пелистер имаше водство од еден гол разлика 8:9. Французите на полувреме имаше позитива од еден гол 12:11. За жал на битолчани натпреварот беше одлучен на стартот на второто полувреме, кога франзузите направија висока предност +9, а до крајот “пелистерци“ успеаја да ја намалат на -3 (29:26.).

Денес за игра завршницата, а ривал на “пелистерци“ за 5. место во 12 часот, ќе биде хрватскиот првак Загреб, кој исто како и битолчани заврши на третото место во својата група, а во финалето ќе играа Ал Ахли и Барселона.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »