Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: типични примери на конформистичко однесување кај луѓето

Неброено пати сме се нашле во ситуација кога сакаме или можеме да го кажеме своето мислење на глас, а тоа сепак не го правиме. На работен состанок можеме да имаме супер идеја, меѓутоа тешко ќе се одлучиме да го искажеме своето мислење. Иако сметаме дека нашите идеи би им се допаднале на нашите надредени. Или mожеме да се сложиме да одиме на кино, театар… со пријателите, иако сакавме да одиме во ресторан на вечера, само како би ги избегнале замислените конфликти.

Кога велиме „Каде сите Турци таму и Асан“ алудираме на прифаќање на социјални норми, а тие се имплицитни или експлицитни правила на групата за прифатливи однесувања, вредности и верувања. Ако се земе во предвид темелната човекова потреба за друштво со други луѓе, не е изненадувачки да често го менуваме своето однесување како другите би не прифатиле. Ова се типични примери на конформистичко однeсување кај луѓето. Понекогаш конформирањето е наједноставен избор бидејќи троши најмалку наши ресурси.

Што е конформизам ?

Конформизмот значи промена на однесување заради реално или замислено влијание на другите луѓе. Понекогаш „групата“ кон која сакаме да припаѓаме има  одредени очекувања за тоа како членовите би требало да се однесуваат.

„Добри членовите“ се конформираат со тие правила. Членовите кои не се конформираат се проценуваат или перцепираат како различни, проблематични и дури „ненормални“. Останатите членови на групата можат проблематичните членови да ги исмаваат, казнуваат или дури отфрлат. Од друга страна, групата често може да не доведе во многу незгодна ситуација со своите правила и норми, особено доколку идеите кои се шират се опасни за друштвото. Овој феномен може да биде многу погубен. Тоа покажуваат и случаеви низ историјата

Историскиот маскар кој се случил во 1978 година кога повеќе од 900 припадници (од кои една третина деца) на американскиот култ Храм извршија масовно самоубиство под водство на нивниот водач Џим Џонс. Многу луѓе зачудено одмануваа со главата и зборовите дека никогаш нема да им се случи такво нешто и дека вреројатно тоа биле психички болни личности кои ете така се најдоа заедно на исто место во исто време. Меѓутоа тие луѓе имаат многу погрешно мислење.

Конформизмот е составен дел од нашиот живот, кој често се повторува во нашиот живот низ социјалните контакти во секојдневниот живот. Како да го препознаеме конформизмот ? Кога конформизмот станува реално опасен и да го намалиме неговото влијание потребно е да го препознаеме низ nормативи на социјално влијание.

Покрај информациското социјално влијание кое се однесува на ситуации кога се реферираме според однесувањето на другите луѓе, со перцепирање. Постои нормативно социјално влијание Тоа може да се дефинира како влијанието на другите луѓе кое не води кон конформирање за да не прифатат како би им се допаднале. Одбирање на облека е наједноставен пример на нормативен социјално влијание. Сетете се на вашиот израз на лицето кога ќе видите некој кој не облечен во склад со конкретните временски услови, модни терендови или вообичаени правила. Важно е да се напомене дека овој вид конформизам резултира со јавно, но не и приватно прифаќање на верувањата и однесувања на групата.

Разликата помеѓу информациското и нормативното социјално влијание е дека повеќе ќе ги набљудуваме другите како извор на информации со своето  однесување , бидејќи не сакаме да привлечеме внимание, да бидеме предмет на потсмев, да имаме проблеми или дури да бидеме отфрлени.

Кога тешко одолеваме на нормативниот социјално влијание? Веројатноста дека ќе реагирате на социјалното влијание на другите луѓе зависи од kолку е значајна групата за нас. Групте кои силно не привлекуваат и со кои силно се идентификуваме, посилно ќе влијаат врз нас,  за разлика од групата кон кои сме слабо приврзани  или никако.

Близина на групата

Дали ќе се прилагодиме на правилата зависи од тоа колку ни е групата просторно и временски блиска низ обидот за влијание. Живот во примарното семејство ќе ја зајакне веројатноста дека ќе се прилагодиме на варијаблите на однесувања кои ги сметаат за исправни, одколку ако живееме одвоено од нив.

Бројот на личности – истражувања покажале дека почнуваме да се конформираме кога покрај нас во групата има уште најмалку 3 личности. Односно само 3 личности се доволни да извршат групно, притисок врз нас. Меѓутоа со додавање на една личност на мнозинството резултира со многу поголема разлика ако групата се состои од 3 личности, одколку кога се состои од 15. 

Кога и како да се спротиставиме  на нормативното социјално влијание?

Во овие ситуации многу е важно да се подсетете на правилата на мирен тон и ненасилна комуникација. Пред се, во разговорот со другите бидете љубезни и образложете го своето НЕ. Самиот чин на конформирање со нормативно влијание во поглем број ситуации ни дава право на повремено одстапувања без сериозни последиџи.

Заслужено одстапување

Оваа појава во психологијата се нарекува заслужено одстапување, а се дефинира како толеранција која личноста ја заслужува со време, конформирајќи се со групните норми.

Важно

Не заборавајте дека вашето самопочитивање и вашата личност се еден од факторите кои влијаат на конформизам. Бидете доследни во своите верувања и вредности. На вас е дали ќе кажате Да или Не.