Исклучителната атмосфера на летните вечери во бело во Битола: шанкови на кафулиња долж “Широк Сокак“ украсени со бели балони, дрес код бело или бел детал на облеката… Атмосфера која биди убави емоции и возбуда кај сите кои присуствувале на овој настан кој се одржува овие 10 години наназад.
28 август 2012 „Широк Сокак во бело“ со ди-џеј Дејвид Моралес. Настан од кој впечатоците беа големи, а оние кои беа таа августовска вечер на исклучителниот сет на светската ѕвезда сигурно се сеќаваат каде беа, во кое кафуле имаа резервирано, како беа облечени, со кого беа, се забавуваа, вљубиле… таа бела ноќ и уживаа до доцна во ноќта. Оваа 2023 година после 11 години повторно ди-џеј Моралес ќе настапи на втората вечер на настанот „Широк Сокак во Бело – Бела ноќ“во Битола.
“Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ во Битола, традиционално секое лето се одржува во последниот викенд од август. Најавувајќи ја традиционална 11 по ред “Широк сокак во бело“ организаторите велат:
-Широк Сокак ќе биде обоен во бело, не очекува возбудлива “Бела ноќ“ во Битола и луда забава на двете вечери на настанот. На плоштадот “Гоце Делчев“ повторно ќе биде поставена бина каде се најавени настапите на ди-џеите и изведувачите. Првата вечер 25 август публиката ќе ги забавуваат поп рок групата “Нокаут“ и “The Groove“. Втората вечер 26 август битолчани ќе уживаат во музиката на ди-џеј Дејвид Моралес. Таа вечер музила ќе „пуштаат“ и битолчаните Дј Ацика и Дј Љубиша.
Битолчани можат да резервираат кај кафе баровите кои имаат свои шанкови: “Портал“, “Расчекор“, “Епинал“, “Давидов“ “Симбол“ и “Stage bar“.