Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер – Олимпијакос финале на турнирот во Охрид

Еурофарм Пелистер од Битола ќе биде финалист на 2. по ред меморијалниот турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид по победата над екипата на Татран Прешов со резултат 29:24, полувреме 14:12.

“Пелистерци“ на стартот поведоа со 4:1 во 6. минута, а потоа водството беше цело време на страната на битолчани. Највисоката предност битолчани имаа 9:5, а на одмор се отиде  со 14:12. На стартот на второто полувреме Татран израмни на 16:16, а по серија од 3:0 Пелистер стигна до 19:16. Во продолжението од мечот се играше брз ракомет, без одбрани. 24:22 водеше Пелистер пред финишот, а по две одбрани на Гедбан, како и со по еден гол на Танкоски и Костески се стави точка на триумфот во финишот.

Претходно, во првото коло во салата “Билјанини извори“, битолчани беа поуспешни и славеа над Бутел Скопје со убедливи 32:21, полувреме 12:10.

Денес Еурофарм Пелистер ги игра последниот натпревар во групната фаза против екипата на Металопластика, а финалето е закажано за утре во 20:15 часот во салата “Билјанини извори“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »