На Европското првенство во кик-бокс кое ќе се одржува во Истанбул, Турција од 25 август до 3 септември ќе учествува битолчанкaта Марија Димовска од Битола, член на КБК Енерџи од Битола. Таа ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија која брои 6 борци и 2 тренери. Марија ќе настапува во дисциплина “low kick“ како помлад јуниор во категоријата +60 кг. Марија Димовска, има 15 години и учи во средното училиште “Јане Сандански” во Битола.
-Имав само 8 години кога прв пат се запознав со кикбоксот. Се започна поради мојот татко вели Марија.
-За себе, љубовта кон кик-боксот?
-Тренирам од кога татко ми го отвори клубот во 2016 година. Имав само 8 години кога се заљубив во Кикбоксот и се започна поради мојот татко Александар Димовски-Димса кој веќе повеќе години е успешен кикбоксер и како мала ми беше интересно да бидам дел со него во овој “машки” спорт, но со време како што почнав да тренирам почнав да одам на натпревари, кик-боксот доби многу голема важност во мојот живот. Видов дека ми оди добро се заљубив во тоа што ме подобрува и физички и психички, и се разбира омилениот дел ми е што е нешто што го делам со мојот тренер, татко ми.Твоја најголема мотивација?
-Најголема мотивација за да продолжам се моите досегашни успеси кои ми дават сознание дека имам талент кој сакам да го искористам. Исто така тука е и татко ми кој секогаш ме поттикнува да напредувам уште повеќе.
Како се организираш со тренинзи и обврските на училиште?
-Имам 2 тренинзи во денот без разлика која смена сум на училиште и измеѓу тие тренинзи јас можам да кажам дека сум одлична ученичка.Како се подготвуваше за Европско?
-Од јануари јас сум константно во тренинзи за државното првенство и куповите што беа во првата полусезона кои се припреми за првенството кое е на почеток на втората полусезона така да го добив чувството на борба оваа година. За Европското само се фокусиравме на зголемување на кондицијата со утринските тренинзи и подобрување на техниката со вечерниот тренинг.
Кои се предиспозициите и условите за да стигнеш до Европско? Кои успеси ги имаше за да стигнеш?
-Кога ќе дојде до бирање на репрезентација за првенство, најважно е да покажеш срце, желба за победа и се разбира квалитет на натпреварите пред првенството. Во Македонија јас сум една од 6 репрезентативци за Европско и го заслужив моето место со две златни медали на државно првенство, освојување на два европски купа и сребро на светски куп во истата категорија која ќе сум и на Европското.Дали ги знаеш противниците и што очекуваш?
-Во мојата категорија има 5 пријави, од Косово, 2 турчинки, србинка и јас. Јас ја познавам само србинката бидеќи против неа ми беше финалето на светскиот куп и ме победи на поени и искрено овој пат очекувам друга приказна. Втора сум на светски ранг што значи имам предност и ќе имам полуфинална борба за старт која ми е сигурен бронзен медал ама со мојата моментална спремност, неможам да дозволам некоја противничка да ми претставува проблем, очекувам да освојам златен медел, а тоа го учекува и мојот тренер, татко ми -Твоја најголема подршка?
-Најголема подршка имам дефинитивно од татко ми кој секогаш ми дава сигурност дека ќе биде покрај мене без разлика како ќе заврши некоја борба. Исто така голема подршка морам да кажам дека имам и од мајка ми и брат ми.Како ја гледаш твојата кариера понатаму?
-Сакам и очекувам дека ќе продолжам со кикбоскот се додека можам. Дури сум јуниорка освен ова првенство сега, имаме уште 1 Европско и 2 Светски првенства кои со Божја волја ќе ги освоиме и ќе собериме доволно искуство за сениорска конкуренција каде што би сакала да сум повикана на Олимпијада 2028 година и со тек на време да се префрлам од аматерската организација- WAKO во професионална како Glory.
Текст и фото: Дамијана Ристевска